ЧАЛАМОТ ЗАВРШИ Груби и Бајрами се бегалци осомничени за криминал од над 8 милиони евра

Артан Груби и Перпарим Бајрами од утрово може да се најдат на сајтот на МВР како лица по кои е распишана меѓународна потерница.  И двајцата се под сомнение за криминал во Државна Лотарија тежок 8 милиони евра.

Судија на претходна постапка во текот на вчерашниот ден им одреди притвор што значи дека ако се вратат во земјава ќе завршат во затворот во Шутка.

Груби последен пат се јави на социјалните мрежи вечерта пред да биде извршен претрес во неговиот дом. Самиот кажа дека заминал во Косово и дека ќе се врати во Македонија.

Според веќе објавените информации преку граница со дипломатско возило го пренел Арсим Папранику, почесен конзул на Косово во Македонија. Тој утрово беше повикан на разговор во полициска станица но до овој момент нема информации дали МВР ќе води постапка против него.

Во Косово е и Бајрами, барем така тврди неговиот адвокат Антонио Апостолски кој ќе го застапува во овој случај. Тој вели дека Бајрами не побегнал од земјава и дека подолг период живее во Косово.

Loading