По неговото бегство во Косово, кое тој го опиша како „приватна посета“, јавноста останува без одговори. И покрај тоа што темата е во фокусот на медиумите и јавноста со денови, Артан Груби продолжува да молчи, избегнувајќи да се изјасни или да се врати во Македонија за да се соочи со правдата.
Ако навистина нема коруптивни активности, ако се смета себеси за „чист како солза“, зошто тогаш Груби не се врати во Македонија? Зошто не дава изјава, не демантира ниту ги разјаснува обвинувањата против него? Наместо тоа, неговото молчење остава простор за сомнежи и го поставува прашањето – дали Груби официјално е во бегство?
Имајќи предвид дека против него е издадена потерница и постои барање за негов притвор, неговото одбегнување на институциите дополнително ја продлабочува кризата на доверба во правосудниот систем. Ќе се покаже ли Груби како одговорен и ќе се врати да се соочи со правните институции? Или, како Никола Груевски, ќе заврши како бегалец надвор од границите на Македонија?
Јавноста заслужува одговори, а молчењето на Груби само ги засилува сомнежите и прашањата околу неговата одговорност. Време е тој да покаже интегритет и да се соочи со последиците на своите постапки.
![]()

