Илон Маск, најбогатиот човек на светот и еден од клучните луѓе во Белата куќа на Трамп, интензивно се занимава со политика во Германија, што не и се допаѓа на дел од тамошната јавност. Маск јавно ја поддржува екстремно десничарската Алтернатива за Германија (АФД) и недвосмислено го навредува канцеларот во заминување Олаф Шолц.
АфД е веднаш зад ЦДУ во анкетите, два месеци пред предвремените парламентарни избори.
„Само АфД може да ја спаси Германија“, напиша милијардерот и сопственик на платформата Икс во петокот во најновиот дел од серијата поддржувања на европските екстремно десничарски партии.
Тој го заокружи својот преглед на настаните во Германија со објава во која го критикува германскиот канцелар во заминување Олаф Шолц по нападот со автомобили на божиќниот саем во Магдебург, во кој загинаа најмалку пет лица, а повеќе од 60 лица беа повредени.
„Шолц веднаш да поднесе оставка. Неспособна будала“, изјави сопственикот на „Тесла“.
Маск неодамна ги поддржа европските популистички десничарски политичари со сè појасни термини, вклучително и италијанскатат премиерка Џорџа Мелони и лидерот на популистичката десница во Британија, , Најџел Фараж. Претходно оваа недела, Фараж се пофали дека Маск е „веднаш зад“ него – и ја зголеми можноста дека технолошкиот тајкун финансиски ќе ја поддржи неговата партија Реформа во Обединетото Кралство.
Лидерите на АфД се задоволни од поддршката на Маск.
„Да! Сосема си во право!“ објави на Икс Алис Вајдел, кандидатот за канцелар на АфД, веднаш по постот на Маск.
Вајдел потоа потсети на неодамнешното интервју во кое рече дека „социјалистичката Меркел ја уништи нашата земја“ и дека „Советскиот европски сојуз“ ја уништува Германија.
АфД се наоѓа на второто место пред предвремените избори во Германија, закажани за 23 февруари, што потенцијално ќе ја постави да стане најголемата опозициска партија во следниот парламент.
Only the AfD can save Germany https://t.co/Afu0ea1Fvt
— Elon Musk (@elonmusk) December 20, 2024
![]()

