(ФОТО) ЅИРНЕТЕ ВО ЛУКСУЗНИОТ АПАРТМАН НА ПЕТАР ГРАШО НА ЈАХОРИНА

Познатиот хрватски пејач Петар Грашо вложил речиси 200.000 евра во луксузен  стан на Јахорина, една од најпосетените планини на Балканот.

Таму Грашо купил луксузен апартман во комплекс кој се наоѓа на околу стотина метри од скијачката патека со поглед на густа борова шума на нешто повеќе од 1.500 метри надморска височина, пишуваат хрватските медиуми.

„Цел живот скијам во Западна Европа, а станот во Јахорина не го купив само за скијање, туку затоа што е гаранција за мир и автентична зимска идила“, се пофали Грашо.

Цените на квадрат во овој комплекс во кој ужива Грашо се движат од 2.700 до 4.000 евра, а може да погледне како изгледа на објавата подолу од Инстаграм.

Loading