Скопје го започна празничниот период со свечено осветлување на новогодишната елка на плоштадот Македонија. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски симболично го притисна копчето, а потоа настапи хор од десетици деца од скопските училишта со изведба на празнични песни.

Граѓаните и посетителите од цела Македонија уживаа во балетска претстава, Божиќниот маркет и празничната програма „Скопје – новогодишна зимска бајка“, која ќе трае до 31 декември. Градоначалникот им се заблагодари на сите присутни и порача дека Скопје чекори напред кон визијата за развој на градот рамо до рамо со европските метрополи.

![]()

