ДЕКЕМВРИ КАКО ПРОЛЕТ: ШТО НЕ ЧЕКА ОВАА НЕДЕЛА?

Следната седмица, од 15 до 22 декември, Македонија и Балканот ќе бидат под влијание на силен антициклон, што ќе донесе стабилно и суво време. Според најавата на метеорологот Славчо Попоски, температурите ќе бидат над просекот за декември, а на повеќе места ќе надминуваат 10°C, додека во југоисточните предели ќе достигнуваат до околу 15°C.

Наутро ќе биде ладно, со температури под нулата, што ќе условува слана и слаб мраз. Во котлините и речните долини, како и во делови од Скопската котлина, ќе има магла и ниска облачност, особено во ноќните и утринските часови, што ќе влијае на намалена видливост.

Стабилното време и топлите температури за декември ќе продолжат во текот на целата недела, без врнежи, што го прави идеален период за надворешни активности и прошетки.

Loading