Однесувањето на Радмила Шеќеринска, која го избриша македонскиот јазик од НАТО и од нејзината лична биографија, а сега гордо се претставува како „северномакедонка“ на светските медиуми, претставува сериозно отстапување од основните принципи на македонскиот идентитет. Овој чин не само што е спротивен на Уставот на Република Македонија, туку е и директно нарушување на духот на Преспанскиот договор, во кој јасно се наведени македонскиот јазик и националност, реагира Петар Богојески, лидерот на Македонски концепт.
„Со ваквото постапување, Шеќеринска испраќа порака која ги поткопува македонските интереси и идентитет на меѓународно ниво. Македонскиот јазик и националност не се прашања за лична интерпретација или за политички компромис. Тие се дел од колективното наследство и гордост на нашата држава.
Ја повикувам јавноста да остане будна за ваквите настани и одговорно да се залага за зачувување на македонскиот идентитет, додека од надлежните институции бараме да реагираат соодветно за да спречат вакви однесувања во иднина.
![]()

