Густав Шефер, тапанарот на бендот Токио Хотел, во петокот бил на божикниот пазар во Магдебург, каде што возач влета во толпа и уби пет, а повреди 200 лица.
На божикниот пазар пристигнал со сопругата и ќерката, а само неколку моменти подоцна се случил нападот.
„Вчера требаше да биде безгрижен ден на божиќниот пазар во Магдебург – полн со светла, смеа, љубов… Бевме само малку подалеку од моментот кој промени сè за многумина. Ништо не ни се случи и за тоа сме вечно благодарни. Но, ми се чини како светот да застана за момент. Мислите се вртат, тешко е… Се прашуваме зошто. Моите мисли се со сите погодени од овој страшен настан. Сите сме ранливи и важно е да бидеме еден за друг. Внимавајте и бидете со вашите најблиски. Љубовта е посилна од стравот. Благодарност до сите што помогнаа на лице место“, напиша Густав на Инстаграм.
![]()

