Во истрагата за поранешното раководство на Државна лотарија е уапсен Артан Ајрули, сопственик на компанијата „Ритрон копи“ од Куманово.
Според Управата за финансиска полиција, станува збор за договорени тендери за набавка на телевизори, принтери и компјутерска опрема, која по спроведените проверки никаде не можат да се пронајдат.
Од Управата за финансиска полиција информираа дека до Oсновното јавно обвинителство Скопје поднесена е кривична пријава против П.Б., против А.А. во својство на сопственик и управител на правниот субјект Друштво за производство, трговија и услуги РИТРОН КОПИ ДООЕЛ увоз-извоз Куманово.
Потоа пријава е поднесена и против С.Р. во својство на директор на сектор за продажба и комерцијални работи во АД за приредување игри на среќа Државна лотарија, против М.З . во својство на директор на сектор за информатички технологии во АД за приредување игри на среќа Државна лотарија и против правното лице Друштво за производство, трговија и услуги РИТРОН КОПИ ДООЕЛ увоз-извоз Куманово.
![]()

