ЃОРЃИЕВСКИ СЕ ЗАКИТИ СО ГОЛЕМО ПРИЗНАНИЕ вети дека ќе го чува највисоко на неговата полица

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски доби плакета за особен придонес и соработка која му беше врачена на настанот организиран од МВР и министерот Панче Тошковски на кој беа презентирани резултатите од нивната работа.

– Ова е признание кое ќе стои највисоко на мојата полица, бидејќи правото и правдата за мене се водилка низ животот. Почитувани припадници на македонската полиција, да се штитат граѓаните и да ѝ се служи на сопствената татковина е огромна чест. Да се извршува оваа задача професионално и пожртвувано е херојство, а вие, секој ден ни докажувате дека сте токму тоа – наши херои. Вие докажавте дека ја заслужувате нашата најдлабока почит! Продолжете храбро како и досега! Ви благодарам-изјави градоначаликот Орце Ѓорѓиевски.

Loading