Полицијата врши претреси во Скопје, Битола, Неготино, Дојран, Гевгелија, во потрага по криминална група која шверцувала скапи возила од ЕУ.
Криминална група се занимавала со криумчарење и фалсификување на скапи возила кои биле украдени во Европската Унија, а потоа префрлени и користени во Македонија.
„Меѓу осомничените има и службени лица и еден странски државјанин“, се вели во соопштение на Обвинителството.
Повеќе детали се очекуваат по завршување на акцијата.
![]()

