ДЕНЕСКА ГО СЛАВИМЕ БАДНИК што да направите за да имате СРЕЌА преку целата година

Според Јулијанскиот календар по кој се раководи Македонската православна црква, денеска 6 јануари е Бадник.

Суштината на празникот е во радоста на христијаните пред големиот ден — Христовото раѓање. Истовремено, со овој ден завршуваат и божикните пости.

Истражувачите сметаат дека во праисторијата овој ден бил празник поврзан со враќањето на Сонцето од јужните напоредници, по зимската краткоденица. Раѓањето на новото Сонце значело и раѓање или обнова на животот.

Подоцна, Христијанската црква го презела овој празник и симболично го поврзала со Христовото раѓање. На прекорот дека христијаните започнале да го празнуваат денот на Сонцето исто како и паганите, Свети Августин одговорил:

„Ние го празнуваме не како неверниците поради Сонцето, туку поради оној што го создал Сонцето“.

Обредните дејствија и елементи за нивното исполнување кај Јужните словени се со огромна разноликост, во зависност од подрачјето, но во основа се сведуваат на многу слични обреди наследени од древните предци: сечење бадник, неговото внесување и палење во домот; подготовка на обреден леб кој го сретнуваме под различни имиња поскура,чесница, кравајче, погача,и кој во речиси сите краишта се прави со паричка.

Според ралични истражувачи Божик се врзува за две старословенски божества Сварог и Световид. Во народното творештво се зачувани стихови „Сварожику мој Божику“ што упатува на изедначување на малиот бог Божик (христијански елемент) и синот на богот Сварог (пагански елемент).

Најзначајниот и со обичаи најбогат христијански празник е Бадник. Повеќето бадникарски и божикни обичаи се втемелени на сознанија дека тие денови почнува Нова година и на верувања дека баш тогаш се одлучува за судбината на куќата и домаќините во претстојниот период.

Речиси сите магиски или култни работи за тие празници биле инспирирани од тоа како да се обезбеди среќа и напредок во текот на целата година.

Еве некои од тие стари народни обичаи кои и до ден денес некаде се почитуваат:

– На Бадниковата вечер не смеете да заспиете додека не ви запее коледар, бидејќи домаќините ќе умираат без предзнак или невидено

– Не смеете да одите боси по слама бидејќи домашните ќе се разболат и ќе ги болат нозе

– На Бадник ништо не треба да се позајмува, а она што е претходно позајмено, тоа се бара назад, бидејќи не е убаво она што и припаѓа на куќата да биде надвор од неа за Божик

-Ако на Бадник биде облачно, ќе биде родна година

-Ако на Бадник се собере доста пепел на бадниковото гранче кое гори, се верува дека зимата ќе биде студена со многу снег.

Loading