БАДНИКОВИ ПОВОРКИ ВО ЧЕСТ НА ХРИСТОВОТО РАЃАЊЕ еве кои улици ќе бидат затворени во Скопје

Денеска во 12 часот заедно со дечињата кои ќе го најават Христовото раѓање ќе ја формираме досега најдолгата поворка, на која ве поканувам сите да бидете дел од овој ден за паметење, повика градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Од СВР Скопје информираат дека посебен сообраќаен режим ќе биде воведен на подрачјето на град Скопје каде по повод христијанскиот празник Бадник ќе се одржат повеќе манифестации.

„Ќе се одржи бадникова манифестација во склоп на Бадникови поворки и свечен собир на кумовите бадникари на платото на Соборниот храм Св. Климент Охридски, како и божикна манифестација во склоп на Бадникови поворки со траса на движење од пред општинската зграда на општина Кисела Вода, по улиците „Петар Дејлан“, десно по „Борис Трајковски“, лево по булиеварот „Македонија“, во продолжение по „Св. Кирил и Методиј“ до пред Музеј на град Скопје, потоа на улицата „Македонија“ во продолжение се до плоштад „Македонија“ каде што ќе се одржува централната манифестација. Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за пренасочување на сообраќајот како и мерки за посебен режим на сообраќај на сообраќајниците каде што ќе се движат Бадниковите поворки и околу верските објекти“, стои во соопштението.

СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.

Loading