ЗАЕВ И КОВАЧЕВСКИ МУ ДОЗВОЛИЈА НА ГРУБИ ДА НАПРАВИ МИЛИОНСКИ КРИМИНАЛ!

Пратеникот Бране Петрушевски денеска побара од Венко Филипче и СДСМ да признаат пред целата македонска јавност дека тие го создадоа Груби и да се извинат. Истовремено да ги повикаат на одговорност и Ковачевски и Заев, изјави Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

„Груби отворено, без проблем од прогон, со години ја ограбуваше државата во време на СДС. СДС свесно дозволи и знаеше што се прави Груби. СДС се виновни за криминалот на Груби и за се што правеше, кое му беше дозволено заради желбата за власт на СДС. СДС го создаде Артан Груби и му дозволи тој да ја ограбува државата. СДС се главен виновник за милионските криминали на Груби. Тие ја потчинија цела влада на него и неговите криминални шеми“, рече Петрушевски.

Претходно, министерот за односи меѓу заедниците, Иван Стоилковиќ, обелодени сериозни неправилности и злоупотреби во работењето на Министерството за односи меѓу заедниците во времето на Груби.

Според неговите изјави, институцијата се користела како „приватна фирма“.

Според Стоиљковиќ, во Министерството за односи меѓу заедниците, со дел од просториите, голчињата и кошот на поранешниот министер и вицепремиер Груби, кои ги наследи во поткаст со Љупчо Цветановски вели дека „на заминување“ е направена вистинска чистка и не е оставено ништо, дури ни филџани и чаши.

-За жал, ни голче, ни кош, ни фудбал, ни баскет, ни филџани, ни чаши, ни кафе, ни апарати за кафе, ни вода, ништо нема, дури ни телефони нема во министерството, чисто да знаат луѓето. Јас како министер немам земска/фиксна линија во кабинетот, затоа што сето тоа кога дојдовме беше растурено. Имало некакви камери поставено во кабинетот, па и тие биле извадени. Попис на инвентар никогаш не е извршен во министерството. Ќе има уште многу кривични пријави. Јас не знам која институција во државата ги прифаќала завршните сметки, бидејќи секогаш кога ја поднесувате мора да поднесете и пописна листа. Ние за првпат правиме попис на финансиски средства и на инвентар. Побаравме ад-хок ревизија и резултатите се толку фрапантни и грозни што ќе мора да одиме на затворена седница на Влада за информацијата за извештајот на ад-хок финансиската ревизија во Министерството за односи меѓу заедниците. Дефинитивно, Министерството било приватна фирма и ревизијата тоа го покажува, вели тој.

Можеби, додава Стоилковиќ, немало попис и ревизија, ги нема и голчињата и кошот, но затоа пак има фрапантни сметки од 20-на илјади евра за две ќебапчилници и неверојатни, секојдневни и огромни сметки за кафани и кафулиња.

-Просто да не верувате дека такви нешта може да има. Јас овие месеци немам платено ни една сметка на сметка на министерството, се си плаќам сам. Кафански сметки да ми плаќа министерството, тоа е глупава работа. Тоа порано било „добар ден“. Порано, битно е што секој Божји ден биле правени сметки од по 20, 30, по 40 илјади денари, секојдневно биле правени – ајде да е на десет дена, двапати во месецот ли, ако имате гости на пример, но вистинскиот проблем е кога тоа е секојдневно, а овде било така, потенцира Стоилковиќ.

Министерот обзнани и дека 95 насто од вработените во министерството се Албанци, но потенцира дека работата е што тоа се Албанци од ДУИ, нешто што е проверено и докажано – институцијата се користела како партиско биро за вработување. Во меѓувреме, разрешени се и многу случаи со „вработени“ кои не ни доаѓале на работа, а десетина од нив си живееле и работеле во странство, притоа земајќи редовна плата од министерството на Артан Груби.

 

Loading