Илон Маск бара ново седиште во Европа. Италијанскиот печат е убеден дека изборот ќе падне на сончевата Италија. Во меѓувреме, милијардерот доби понуда од Полска, поточно – од градоначалникот на Глогов, кој нагласува дека неговиот предлог е „значително подобра“ локација. Toj му нуди на милијардерот да купи замок од 13 век
За плановите на Илон Маск прв пишуваше американскиот печат, а потоа регионалниот весник „Ил Тирено“ ја објави локацијата на два објекта во Тоскана, каде милијардерот го помина одморот во ноември минатата година. Сопствениците на објектите ја негираат нивната желба за продажба, но плановите на Маск засега се тајна.
Градоначалникот Пјотр Бујак, денеска изјави дека упатил покана до „Икс“ и испратил писма до неговите компании во кои му нудат на Маск да го купи замокот.
Маск досега не одговорил на понудата, а цената не е позната. Бујак за „Асошиејтед прес“ изјави дека видел медиумски извештаи во Европа дека американскиот милијардер бара добра локација, можеби замок во Италија.
„Ние не сме полошо место од Тоскана. Имаме совршена клима и ова е најдоброто место на земјата“, рече Бујак.
Замокот Глоуни се наоѓа во југозападна Полска и има богата историја која датира уште од средниот век. Во него престојувал и композиторот Лудвиг ван Бетовен. Замокот бара темелно реновирање, но нуди огромен простор за живеење и водење бизнис. Глоговек е мало место со помалку од 6.000 жители.
Дали можеби станува збор за овој замок кој бил посетен и од Бетовен ќе се дознае ако Маск ја прифати понудата.

![]()

