Најмалку 76 лица ги загубија животите во пожарот што рано утринава избувна во хотел во ски-центарот Карталкаја, во северна Турција, јавија турските медиуми.
Турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја потврди дека бројот на загинати во пожарот се искачи на 76.
Меѓу загинатите чиј идентитет досега е објавен е и десетгодишна пливачка на спортскиот клуб Фенербахче од Истанбул и нејзината мајка
Причините за пожарот засега не се познати, но гувернерот на Болу, Абдулазиз Ајдин изјавил дека првичните извештаи сугерираат дека тој избувнал во делот на ресторанот на четвртиот кат на хотелот и се проширил на горните катови.
Пожарот избувнал додека во хотелот „Гранд Картал“ престојувале 234 лица.
Властите во моментов ја утврдуваат причината за пожарот, а во медиумите се појавија информации за тоа што придонело за неговото избувнување.
Имено, хотелот Гранд е направен од материјали како и сите други, но заради естетика и поубав, планински ентериер, за покривање на ѕидовите е користена дрвена обвивка. Токму овој материјал, за кој се знае дека многу лесно гори, предизвикал пожарот брзо да се прошири.
Поради густиот чад кој брзо се ширел низ зградата, гостите не успеале да го пронајдат излезот од пожарот и да избегнат трагична смрт. Некои гости се обиделе да побегнат така што избегале низ прозорец на импровизирано јаже направено од чаршафи и материјали што ги нашле во хотелската соба. За жал, како што пренесуваат турските медиуми, при бегството загинале неколку лица, додека други се повредени.
Јерликаја додаде дека во рамките на истрагата за пожарот во хотелот досега се уапсени девет лица.
Пожарот избувна вчера рано наутро во ски-центарот Карталкаја, кој се наоѓа на приближно 295 километри источно од Истанбул.
На местото на несреќата беа испратени бројни служби за итни случаи од соседните градови, вклучително и пожарникари, тимови за одговор при катастрофи и медицински тимови, поддржани од хеликоптери. Од хотелот се евакуирани околу 230 луѓе, а истрагата за причините за пожарот е во тек.
Карталкаја, која се наоѓа во провинцијата Бол, е една од најважните зимски туристички дестинации во Турција, привлекувајќи илјадници посетители за време на скијачката сезона.
Во Турција е прогласен национален ден на жалост, потврди претседателот Реџеп Тајип Ердоган.
Bolu Kartalkaya Kayak Merkezi’ndeki Grand Kartal Oteli’nde çıkan yangında ölü sayısı 6’ya yükseldi, 31 yaralı var.
Yarıyıl tatili nedeniyle yüzde 90 dolu olan otelde 237 kişi vardı.
Yangın 4. kattaki restoranda başladı. #Bolu #Kartalkaya #GrandKartal pic.twitter.com/khwg2Yi5w6
— 𝐉𝐨𝐮𝐫𝐧𝐚𝐥𝐢𝐬𝐭 (@HamdiCelikbas) January 21, 2025
![]()

