Министерот за култура и туризам Зоран Љутков во посета на „Спомен куќата на Тодор Проески“ во Крушево.
Министерот за култура и туризам Зоран Љутков попладнево во Крушево ќе ја посети НУ„Спомен куќа на Тодор Проески“.

Со програма насловена „Ангел си ти“ денеска на Гумење во Крушево ќе биде одбележан 44-тиот роденден на македонската и балканска музичка ѕвезда Тоше Проески, кој загина во сообраќајна несреќа на 16 октомври 2007 година кај Нова Градишка, Хрватска.
Министерот Љутков ќе положи свежо цвеќе на вечното почивалиште на македонската музичка ѕвезда Тоше Проески на Гумење.
![]()

