Aвтобус на јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) со број 58 се запалил денеска во Општина Сопиште.
Според сведочењата на очевидци, автобусот, кој се наоѓал во близина на приватни куќи и дрва, започнал да гори од задниот дел. Брзата реакција на патниците овозможила веднаш да го напуштат возилото и нема повредени лица.
Од противпожарната бригада веднаш пристигнале на местото на настанот и го изгасиле пожарот, спречувајќи го понатамошното ширење на огнот.
Сепак, инцидентот предизвика загриженост кај локалното население поради близината на приватните куќи и растителноста. Засега нема информации за причините за пожарот, а истрагата е во тек.


![]()

