Демократската унија за интеграции реагира на посетата на претседателот на Република Српска Милорад Додик. Интегративците го нарекоа Додик „продолжена рака на Владимир Путин, кој работи за поделба на Босна и Херцеговина и човекот кој го величи масакрот во Сребреница“.

Реакцијата ја пренесуваме во целост:
„Синоќа секој Албанец и секој достоинствен граѓанин во оваа држава се почувствува навреден, понижен и предаден. Во чин што ја надминува секоја морална и политичка логика, во зградата што треба да го симболизира Охридскиот договор и меѓуетничката хармонија, беше примен Мирослав Додик – продолжената рака на Владимир Путин, човекот кој работи на поделбата на Босна и Херцеговина и човекот кој го велича нехуманиот масакр во Сребреница. Како е можно човек изолиран од демократскиот свет, кој сее поделби и омраза, да биде официјално пречекан од Влада која тврди дека ги застапува евроатлантските вредности и меѓуетничкиот мир? Каква порака испраќа оваа влада до албанските граѓани, до семејствата на жртвите од геноцидот, до оние кои сè уште веруваат во правда и достоинство? Овој чин е сериозен удар за Охридскиот договор. Присуството на Додик е шлаканица за жртвите од Сребреница, за Албанците и за секој граѓанин кој верува во слобода и еднаквост. Тоа е порака која покажува дека оваа власт освен што нема легитимитет, изгуби и секакво чувство за почит кон нашата историја и жртви. Ова е денот кога сите се чувствувавме навредени. Денес сите се срамиме. И денес сите сфативме дека оваа влада ја помина секоја црвена линија. Овој срам никогаш не треба да се заборави“, соопштија од ДУИ.
![]()

