Претходните кадри од минатат власт оставија „пустош“ и празни сметки во повеќето институции што ги менаџираа. Истото го направија и со најпрестижната и најстабилната институција Централен Регистар која низ годините беше пример за регионот. Денешниот менаџмент на институцијата се „бори“ со зачувување на нејзина финансиска стабилност. За среќа на институцијата и на вработените на чело на институцијата е поставена д-р Анита Стамнова која само за неколку месеци успеа да ги постави „координатите“ за справување на институцијата со негативните досегашни резултати со цел застанување на финансиска стабилна основа.
Анита Стамнова неколку месеци е на чело на „Централен регистар“ како вршител на должност на позицијата директор, назначена од Владата. Од она што досега го има заклучено е тоа дека оваа институција од клучно значење за функционирање на економските, управните и сите други правни субјекти е тоа дека треба да застане на стабилна финансиска основа. Најголем предизвик ќе биде воведувањето на „Единствен регистар на сметки“ и надградбата на „Регистарот на вистински сопственици“. Стамнова како еден од своите први чекори го истакнува озаконувањето на слободниот бесплатен пристап на новинарите до информации.

Стамнова: Акцент ќе ставиме на Развој, Транспарентност во работењето и Стабилност на институцијата. Како сервисно ориентирана институција која е одговорна за функционирање на голем број на јавни регистри и услуги од суштинско значење за државата, она што можам да го потенцирам како цел е транспарентно работење и зајакнување на финансиската стабилност на институцијата. Меѓу проектите кои ќе се работат во иднина се:
– Единствен регистар на сметки – Со донесување на новиот Закон за платни системи и платежни услуги, на ЦР му припадна улогата за водење на Единствениот регистар на сметки како администратор на регистарот. Воспоставувањето на Единствениот регистар на сметки е еден од тие важни чекори, коишто треба да ја олеснат обработката на податоците за платежните сметки, депозитните сметки и сефовите, што ќе придонесе за поефикасно делување на институциите, а ќе обезбеди и зголемена заштита на потрошувачите.
– Надградба на Централизираниот менаџмент со корисници, интеграција со Министерство за Дигитална трансформација и КИБС.
– Надградба на регистарот за вистински сопственици, бидејќи преземањетонанавремениипревентивнимеркипреставуваклученфакторвонавременотоидентификување, спречувањеисанкционирањенафинансискиоткриминал, аодтукаиспречувањенапоткопувањенастабилностакаконафинансискиот, такаинацелокупниотправенсистем.
– Надградбата на едношалтерскиот систем,
– Софтверско решение за генерирање на извештаи и
– Систем за заштита и архивирање на податоци.

Покрај наведеите има и други развојни проекти кои ќе ја следат мисијата на Централен регистар, да ги прошири и развие своите бази со дополнителни податоци (формирање на нови основни регистри и постојано унапредување на постојните) со што ЦР претставува единствена централна информативна база на правни и друг вид релевантни податоци, значаен учесник во креирањето на подобра бизнис клима во Републиката, промотор на странски инвестиции и општествено одговорна Институција, а со самото тоа директно ќе придонесеконразвојот на националната економија.
Целото интервју може да го прочитате на следниот линк:
![]()

