На вчерашното гостување на поткаст на тема „Жените во енергетиката“, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска истакна дека во текот оваа година, Скопје ќе биде домаќин на меѓународен настан во организација на регионална комисија на Обединетите нации. На овој настан се очекува присуство на повеќе од 500 експерти од светот на енергетиката, а министерката ќе ја искористи можноста да организира настан, панел дискусија со наслов жени во енергетиката.
На прашање како да се охрабрат жените да земат поголема улога во енергетиката, рударството и минералните суровини, министерката Божиновска истакна „Во 2008 година кога соработував со земјите од регионот, само во Грција и Босна и Херцеговина имаше жени на раководни места. 15 години подоцна половина од државите во овој регион веќе има жени на клучни позиции. Гледам голем просперитет. Во Србија, министер за енергетика е жена, во Албанија, министер за енергетика и вицепремиер е истотака жена, а и во Косово има министерка за енергетика.“.
Во однос на родовата застапеност во министерството министерката Божиновска потенцира дека „Моментално имаме 74 вработени и 38 од нив сме жени.“.
„Јас сметам дека жените имаат поинаков пристап од мажите. Секогаш ја цитирам Маргарет Тачер којашто кажува дека ако сакате нешто да се зборува викнете маж, меѓутоа ако сакате нешто да се сработи викнете жена“ – изјави Божиновска.
Пред гостувањето на поткастот, министерката информираше дека одржала состанок со претставничка на ОН и на состанокот имало шест присутни и сите од нив биле жени и постигнале согласност за многу важни прашања и заклучиле дека биле многу ефикасни и ефективни, веројатно и поради тоа што се жени.

![]()