Приведен е поранешниот директор на владината Служба за општи и заеднички работи – еве за што е осомничен

Финансиската полиција утрово го привела екс директорот на Службата за општи и заеднички работи на Владата (СОЗР) Пецо Мирчевски, објави Сител.

Според последните информации, во моментов се вршат претреси во неговиот дом.

Полицијата го сомничи за случаи поврзани со злоупотреба во Службата за општи и заеднички работи на Владата.

Се проверуваат случаи поврзани со злоупотреби во делот на јавните набавки.

Основното јавно обвинителство Скопје потврди дека  заедно со Управата за финансиска полиција презема дејствија за обезбедување докази во предмет за кривични дела примање поткуп, давање поткуп, проневера во службата и несовесно работење.

Loading