НЕПРЕБОЛ И НЕПРАВДА Убиецот на Верче кој ја прегази на пешачки е на слобода, родителите се иселија од Македонија

Мојата сестра Верче Белчовска почина на само 20 години, прегазена на пешачки премин во Струмица, од лице кое тогаш имаше 18 години и побегна од местото на настанот. Потоа, истиот се пријавил во полиција, беше осуден на срамна затворска казна од 15 месеци, која под притисок на јавноста беше зголемена на 30 месеци. Сега веќе, тој е на слобода и си продолжува со својот живот,  вели за ,,Фокус” Мартин Белчовски, брат на Верче, чиј живот заврши во април 2021 година.

Девојката која по потекло е од Русиново, Берово, како што објави Фокус, со родителите се преселила во Струмица, во потрага по работа и подобар живот. Беше покосена на пешачки премин, а потоа со внатрешни крварења во мозокот беше пренесена на Ургентниот центар на КАРИЛ, каде беше оперирана. Откако лекарите утврдиле мозочна смрт, нејзиното семејство се согласи да ги донира органите.

-Нема правда во Македонија, тоа ние најдобро го почувствувавме на наша кожа! Животот на Верче беше одземен, и тоа таму, каде пешаците треба да се најбезбедни, на пешачки премин среде град! За изречената казна затвор од само 30 месеци за лицето кое ни ја зеде сестра ми, има ли потреба да коментирам било што? Срамна одлука на судиите, која сите уште повеќе не срози!

Нашите родители повеќе не можеа да останат овде, не можеа да продолжат со живот во една ваква земја, каде на правдина бевме буквално прегазени, сите ние, целото семејство. Заедно со сестра ми се преселија во странство. вели Белчовски.

Целиот напис на Фокус може да го прочитате на овој линк.

Loading