Пратеникот од ВМРО ДПМНЕ, Миле Лефков со видео на својот Фејсбук профил покажа како лесно може да се манипулира јавноста.
Лефков, кој деновиве е мета на критики поради видео во кое делува поднапиен додека дава изјава, денеска излезе со нова објава. Тој тврди дека првичното видео било монтирано со цел да биде дискредитиран, па како одговор објави ново, монтирано видео во кое симулира извинување од лидерот на Левица, Димитар Апасиев.
Со ова, Лефков се обиде да покаже колку е лесно да се манипулира јавноста со видео-едитирање и да се создадат лажни наративи.
Овој потег предизвика бројни реакции, а останува да се види како ќе се развива понатамошната дебата околу автентичноста на видеата и политичките пораки што се пласираат преку нив.
Целото видео може да го последите на линкот подолу:
![]()

