ПАДНАА ТЕШКИ НАВРЕДИ Додик остро го нападна меѓународниот претставник во БиХ

Кристијан Шмит арогантно и дрско се обидува да покаже дека е над сите – над Уставот, законите, институциите, па дури и над народот, изјави денеска претседателот на Република Српска, Милорад Додик.

Тој денеска во Сараево, ден пред да биде изречена политичката пресуда, сака да демонстрира дека е султан, гувернер, полубог кој ги контролира судбините, го менува Уставот, законите, изборите и демократијата како што сака“, напиша Додик.

Додик рече дека српскиот народ не е ничиј поданик, дека Република Српска не признава диктати и нема да дозволи затворање на нејзините институции.

На претседателот на Република Српска му се суди од февруари 2024 година затоа што не постапил по одлуката на високиот меѓународен претставник Кристијан Шмит, одговорен за почитување на мировниот договор.

„Вашата пресуда ќе ја одреди иднината на Босна и Херцеговина“, го предупреди Додик судијата на Судот на Босна и Херцеговина во Сараево на крајот од судењето минатата недела. „Оваа пресуда може (…) да ѝ зададе смртен удар“ на БиХ, им рече тој на новинарите додека го напушташе судот.

Обвинителството побара казна „поблиску до максимум“, поточно пет години затвор за ова кривично дело, заедно со десетгодишна забрана за вршење јавна функција. Обвинетиот има право на жалба.

Милорад Додик го отфрла „политичкото судење“ и тврди дека тоа е „продолжение“ на американските санкции, под кои се наоѓа од 2017 година поради неговата сепаратистичка политика, со цел да го „елиминира од политичкиот живот“.

Додик, инаку, не го признава легимитетот на Шмит бидејќи е именуван без редовната дискусија во Советот за безбедност при Обединетите нации, за што има поддршка од Русија и Кина како постојани членки на Советот.

Loading