Латас: За само 8 месеци новата влада донесе повеќе странски инвестиции од 7-те години на СДСМ

Новинарот Драган Павловиќ Латас, на својот Фејсбук профил упати пофални зборови до претседателот на македонската влада, Христијан Мицкоски.

„И што рековме за странските инвестиции…?

Досега договорени проекти за околу 2 милијарди евра, особено последниов за гасификација со кој се решава екологија и намалуваат плаќањата за греење на фирми и домаќинства.

А мандатот е на почеток, и веќе има повеќе странски инвестиции од 7-те години на СДСМ.

И уште сега може да ги завршиме споредбите со минатата власт, споредувањто понатаму би било навредливо за оваа влада, и празен муабет од пред гранапче.

А допрва следи отварање на автопатиштата, реконструкција на клиники и отварање на клиниката во Штип, и така натаму и така наваму

Сега следи најтешкото, Мицкоски и тимот да се мерат, тркаат сами со себе или, што е направено повеќе од планираното“, напиша тој.

Loading