До кога ќе ни гинат работници на незаштитени градежни објекти, има ли градежна инспекција да ги затвори сите што не се грижат за работниците и ги праќаат да работат на небезбедни места?
Вчера во 09.12 часот во СВР Скопје, од Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен С.С.(55) од с.Черкези, кумановско, кој подоцна починал.
Според пријавеното, при извршување градежни работи, тој паднал од објект во изградба на подрачјето на Кисела Вода.
Увид бил извршен и се работи на расчистување на случајот, но засега не се соопштува за која градежна компанија станува збор и што навистина се случило на градилиштето.
Неодамна, според наши сознанија потврдени и во градежната инспекција, беа времено затворени неколку градилишта во Кисела Вода поради непочитување на стандардите за безбедност при работа. Но, дали трагедијата се случила на истите места, ќе дознаеме по увидот на инспекторите.
![]()

