Кога поминуваме на летно сметање на времето? Еве кога ќе ги поместиме стрелките на часовникот нанапред

Иако со години се зборува за укинување на поместувањето на часовникот, сегашниот распоред сè уште нè држи во ритам на две промени годишно – во пролет и наесен.

Тоа значи дека на 30 март во 2:00 по полноќ, часовникот ќе се помести на 3:00 часот, односно еден час нанапред.

Летното сметање на времето започнува кон крајот на март, точните датуми се менуваат, а оваа година стрелките ќе ги поместиме нанапред на 30 март во 2:00 по полноќ. Тоа значи дека ќе изгубиме еден час сон, но вечерите ќе бидат подолги.

На зимското сметање на времето се враќаме на 26 октомври, кога ќе ги вратиме стрелките наназад – од 3:00 на 2:00 часот наутро. Тогаш ќе добиеме еден час повеќе за спиење, но деновите ќе бидат пократки.

Loading