Браво за малите џудисти со освоени 10 медали: Неверојатни резултати на ЏК „Суперџудо“

За време на викендот, малите натпреварувачи во возрасната категорија Деца ги започнаа натпреварите за 2025 година. На Државниот натпревар во Скопје, екипата на „Суперџудо“ се покажа во вистинско светло, освојувајќи 10 медали.

„Среќни сме што сè повеќе наши членови одлучуваат да почнат да се натпреваруваат на натпреварите“, велат од ЏК Суперџудо.

Резултати:

Ерик Антон – злато

Калин Намичев – злато

Давид Стојановски – сребро

Андреј Трајковски – сребро

Бојана Талевска – бронза

Димитар Марковски – бронза

Мила Јанура – бронза

Коста Илиевски – бронза

Ведран Манојлов – бронза

Иван Матевски – бронза

фото-приватна архива

Браво за медалистите!

 

Loading