Инцидент се случил вчера во Општина Штип, каде што еден од вработените во администрацијата бил приведен од полицијата поради недолично однесување во работно време. Според информациите, лицето било под дејство на алкохол, а алкотестот покажал високи 2.5 промили алкохол во крвта.
Очевидци велат дека вработениот ги вознемирувал своите колеги, поради што била повикана полиција. Градоначалникот, откако бил информиран за ситуацијата, веднаш поднел пријава до надлежните органи. Полицијата брзо реагирала и лицето било приведено без поголеми инциденти.
Од Општина Штип засега нема официјална изјава за случајот, но се очекува да бидат преземени соодветни мерки против вработениот.
![]()

