Некои членови на бендот DNK и придружните вокали, кои настапија во дискотеката Пулс во Кочани за време на кобната ноќ, се префрлени во болница, додека дел се на домашно лекување.
Според досегашните информации, дел од нив се згрижени во болници во Скопје и Штип.
Наши извори велат дека Панчо од ДНК е сместен во државната Клиника во Скопје, на одделот за Пластична хирургија каде добива терапија со кислород, додека Андреј е хоспитализиран во штипската болница.
Сè уште се чекаат официјални информации за здравствената состојба на музичарите.

Пожарот, кој избувна на 16 март околу 3 часот наутро, наводно бил предизвикан од пиротехнички средства, што довело до стампедо меѓу присутните 1.500 гости. Во страшната несреќа загинаа 51 лице, а над сто лицца се хоспитализирани.
Македонија е обвиена во голема жалост и неизмерна болка!
![]()

