Андреј Ѓорѓиески од групата ДНК е еден од загинатите во пожарот кој што се случи рано утрово во дискотеката Пулс во Кочани.
Можел да се спаси, но се вратил да помага да се спасат млади животи, борејќи се со пламените јазици.
На социјалните врежи повеќе познати личности од македонската естрада веќе се збогуваат со Андреј.


Меѓу загинатите во невидената трагедија е и вокалистката и вонреден професор Сара Пројковска.

„Со длабока жалост и неверица ве известуваме дека нашата колешка, вонреден професор м-р Сара Пројковска, го загуби животот во невидената трагедија во Кочани. Нашата Сара, полна со љубов, живот и музика, лавица и добрицa“, соопштиja oд Факултетот за музичка уметност.
Сара Пројковска беше придружен вокал на бендот ДНК.
![]()

