Актерот Раде Шербеџија уште еднаш јавно ја поддржа српската студентска заедница во протестите.
Легендарниот глумец на Инстаграм објави видео во кое стои пред телевизор на кој се пренесува протестот, испраќајќи порака на поддршка до студентите: „Не давај се, младост моја, не давај се, нова генерацијо“ (стих од познатата „Не дај се, Инес“).
Во описот напиша дека „на оваа младост можеме само да ѝ се восхитуваме“.
View this post on Instagram
„Секој млад човек во своите побуни и желби да ја менува реалноста во која живее, има некоја вистинска искреност, храброст, племенитост и страст. Но оваа младост, која денес се издигнала во одбрана на правдата и достоинството, има нешто што ја издига над сите студентски генерации кои ги памтиме.
Оваа младост има мудрост и памет и рационалност. Оваа младост знае да ја управува својата револуција и никој не може да манипулира со неа. На оваа младост можеме само да ѝ се восхитуваме. Не давај се, нова младост“, напиша актерот.
Претходно Шербеџијаизјави дека откако студентите почнале да протестираат, сите негови концерти започнуваат со молк.
„Јас, деца, молчам заедно со вас, молчам затоа што ве поддржувам. Ова е вашето време и имате право да побарате некоја подобра иднина која ви припаѓа вам и немам ништо друго да кажам освен да ве поддржам со цело срце. Не само јас, туку и сите нормални луѓе. Не давај се, младост моја“, заклучи актерот.
![]()

