Студентска солидарност пред македонската амбасада во Белград, 74 минути молк: „Оние кои љубат секогаш се многу побројни“ (ВИДЕО)

Студентите кои протестираат во Белград денеска со молк, кој траеше дури 74 минути, пред Амбасадата на Македонија во Белград оддадоа почит за 15-те загинати при падот на натстрешницата во Нови Сад, но и за секоја жртва од пожарот во дискотеката на смртта во  Кочани. Тишината заврши со зборовите „Слава им“.

Студентите положија венци и запалија свеќи пред Амбасадата, а им се придружија  и граѓани кои исто така оставаа цвеќе и запалени свеќи.

Македонските дипломати излегоа да ги поздрават собраните студенти и граѓани.

Пред Амбасадата беше истакнат транспарент со натписот: „Не бевме сами, бидејќи оние кои љубат секогаш се многу побројни“.

Сообраќајот пред Амбасадата беше сопрен, а по завршувањето на оддавањето почит студентите се вратија на своите факултети.

Loading