Андреја Ѓоргиевски и Сара Пројовска ќе бидат погребани утре во Скопје

Погребот на Сара Пројковска ќе биде утре, на 20 март на гробиштата во Лисиче.

– Погребот на нашата драга и сакана, непребол, вонреден професор м-р Сара Пројковска ќе биде утре, 20.3.2025, четврток,на гробиштата во Лисиче. Телото ќе биде изложено во црквата Св. Петар и Павле во Лисиче од 12 часот, известија од Факултетот за музичка уметност – Скопје.

Во капелата во Бутел, во 10 часот, семејството, роднините и пријателите ќе го испратат Андреј Ѓорѓиевски, вокалот на „ДНК“. Тој ќе биде погребан на гробиштата во Бутел. Информацијата ја објавија неговите пријатели.

Андреј и Сара трагично го загубија животот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Според очевидци, Андреј успеал да се спаси од беснеењето на огнените јазици, но влегол да спасува заглавени млади луѓе.

Меѓу 59-те загинати има и малолетници.

Од бендот на ДНК, засега за јавноста е познато дека починаа и клавијатуристот Филип Стевановски, гитаристот Александар Коларов, тапанарот Горги Горгиев, придружниот вокал Сара Пројковска. Игор Велков, тонецот на групата „ДНК“ и бит-боксерот Мартин Атанасовски познат како Мартин Буцо.

Loading