Кремљ: Трамп и Путин добро се разбираат

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека претседателите Доналд Трамп и Владимир Путин „добро се разбираат, имаат меѓусебна доверба и имаат намера постепено да ги нормализираат односите“.

Тој додаде дека двајцата лидери се фокусирани на понатамошно зближување и подобрување на билатералните врски.

Потсетуваме, Трамп и Путин вчера разговараа речиси два часа, при што постигнаа неколку договори. Путин вети дека во следните 30 дена ќе ги запре нападите врз украинската енергетска инфраструктура, но тоа ветување веќе денес беше прекршено.

Исто така, договорена е размена на воени заробеници, која треба да се реализира денес. По 175 заробеници ќе бидат вратени на двете страни, а Русија дополнително треба да предаде 23 тешко ранети украински војници.

Loading