Метеопрогнозерите известија какво време може да очекуваме овој викенд, на 22 и на 23 март.
Првиот ден од викендот ќе биде претежно сончев со умерена облачност, а ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Дневните темпеатури ќе се искачуваат помеѓу до 19 степени.
Во Скопје ќе преовладува сончево време со слаб јужен ветер, а температурите ќе достигнат до 19 степени.
Следната недела носи уште попријатни температури, со вистинско пролетно затоплување.
Сепак,според првичните најави на метеопрогнозерите, април ќе биде месец со променлива температура, со наизменични сончеви и потопли денови, но и со посвежи денови проследени со дожд.
![]()

