Гитаристот на ДНК опериран во Солун: Детали за состојбата на музичарот

По страшната трагедија која се случи во дискотеката „Пулс“ во Кочани, меѓу преживеаните од групата ДНК е и гитаристот Горан Танев.

Танев беше префрлен на понатамошно лекување во Солун.

Новите информации кажуваат дека Горан Тонев е во стабилна состојба по направената операција во Солун и дека неговата здравствена состојба се подобрува, по сериозните повреди што ги претрпе.

Тонев е дипломиран музичар од Музичката академија при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, а македонската јавност го памети по неговиот настап како дебитант на „Макфест“ во 2020 година со песната „Моја и твој“, а беше и дел од балканското музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“.

Лекарите во Солун внимателно ја следат неговата состојба, а неговите колеги и пријатели изразуваат поддршка и надеж за негово брзо закрепнување.

Loading