Пролетни температури, но и дожд и песок од Сахара во Македонија.
Пролетни температури се најавуваат во Македонија на почетокот на неделата, но иако температурите ќе бидат повисоки, во текот на следната недела се очекуваат врнежи од дожд и појавата на песок од Сахара, кој повторно ќе ги покрие автомобилите и површините во некои делови на Македонија.
Во периодот од 24 до 30 март, Македонија ќе биде под влијание на циклонска активност која ќе се развие над Медитеранот. Оваа активност ни носи многу променливо, но релативно топло време, со чести и понекогаш интензивни дождови. Во некои делови од Македонија ќе има и поројни дождови, кои ќе бидат проследени со грмежи и засилен јужен ветер.
Во Скопје и околината, дождовите ќе бидат повремени.
Температурите ќе бидат релативно високи за овој период од годината, со максимални дневни температури во интервалот од 14 до 21 степен. Наутро, температурите ќе бидат над нулата.
![]()

