Возел со 1,77 промили алкохол во крвта и без возачка дозвола, полицијата приведе возач во Штип

Денеска околу 00.20 часот во Штип, полициски службеници од ПС БПС Штип го лишиле од слобода Е.А.(40) од Штип.

Е.А. на 01.04.2025 околу 22.40 часот во Штип со патничко возило „сеат“ со штипски регистерски таблички удрил во паркирано возило и го напуштил местото на настанот. По преземени мерки од страна на полициски службеници, Е.А. е пронајден и лишен од слобода, а било констатирано дека има 1,77 промили алкохол во крвта и дека нема положен возачки испит.

Loading