Екипата на „Лабиринт“ на хрватската ХРТ беше на местото на една од најстрашните трагедии што ја потресе Македонија и целиот регион – пожарот во ноќниот клуб во Кочани, каде што животот го загубија 59 млади лица, а повеќе од 150 беа повредени.
„Притиснати од неизмерна тага, болка и страв, граѓаните на Кочани ги оплакуваат своите блиски – семејства, пријатели, сограѓани. Наместо да ја живеат својата младост, овие млади души најдоа вечен спокој на локалните гробишта. Нивните животи, што беа испреплетени во градот каде што „сите се знаат“, сега останаа поврзани и во смртта“ – пишува во најавата на документарниот филм а следува и прашањето:
Дали Македонија има сила да се ослободи од оковите на корупцијата, која ја зароби земјата и доведе до незапаметена трагедија што згасна една цела генерација?
Документарецот е насловен „Кочани – Прекината младост“, а може да го погледнете во продолжение.
![]()

