Од денес, па сè до сабота, во Македонија продолжува променливо време со повремени врнежи, а температурите ќе достигнат до 18 степени Целзиусови. Во ноќта меѓу сабота и недела ќе има значителен пад на температурата, што ќе донесе влошување на временските услови, засилен и почест дожд и снежни врнежи на повисоките места.
Денес дневните температури во Скопје ќе се движат околу 14 степени.
Времето денес во Македонија ќе биде претежно облачно, на места со дожд, ќе дува слаб до умерен ветер.
Во петок и сабота максималната температура ќе достигне до 18 степени, додека од понеделник температурите ќе се движат од 0 до 7 степени Целзиусови.
За време на викендот, во некои делови на Македонија се очекува засилен северен и северозападен ветер, додека во останатите делови ветерот ќе биде послаб.
Од понеделник, во сите краеви на Македонија се очекува слаб до умерен мраз.
Подобрување на времето и враќање на пролетните температури може да се очекува дури кон средината на месецот, односно од 14 март.
Облекувајте се слоевито, а на хронично болните им се препорачува внимателност и одмор.
![]()

