Тажен аплауз во Мадрид: Шпанија во солзи се прости од Андрија Делибашиќ (ВИДЕО)

Прераниот заминување на поранешниот напаѓач на Партизан и репрезентацијата на Црна Гора, Андрија Делибашиќ (43), ја потресе фудбалската јавност. Навивачите ќе го паметат засекогаш, а клубовите чии дресови ги носеше, прават се за неговото име да остане запишано со златни букви.

Така, синоќа на мечот од 30. коло на Примера помеѓу Рајо Ваљекано и Еспањол, домашниот тим излезе со транспарент на кој пишуваше „Нема да те заборавиме, Дели“.

Наместо со минута молчење, навивачите му оддадоа почит на Делибашиќ со минута аплауз.

Делибашиќ од 2010. до 2013. година играше за Рајо Ваљекано и беше еден од најзаслужните за влезот во Ла Лига.

Loading