Време е да запре селективната правда: Со фотографии од загинатите, семејствата и роднините излегоа на протест во Кочани

Со фотографии од загинатите, семејствата и роднините, со молчење тргнаа на марш за 60-те загинати во дискотеката „Пулс“. Порачаа дека е време да запре селективната правда.

Покрај фотографиите, тие носеа и транспаренти на кои пишуваше „Корумпираниот систем ги уби нашите деца“.

Тие тргнаа од Паркот на Револуцијата, по што ќе се упатат кон Трговскиот центар, а оттаму кон зградата на Општина Кочани, Полициската станица и Основниот суд и Обвинителството.

Loading