Голема трагедија се случила вчеравечер во германскиот град Вупертал – тројца млади луѓе, кои правеле скара во градина, се пронајдени мртви, јавија локалните медиуми.
Портпаролот на противпожарната служба во Вупертал потврди дека тројца млади луѓе загинале додека правеле скара во двор.
Според соопштението на полицијата, момчињата, на возраст од 18, 25 и 26 години, во неделата биле во градината на улицата „Хајн“ во Вупертал (Северна Рајна-Вестфалија). Кога доцна вечерта не се вратиле дома, родителите се загрижиле и ја повикале полицијата.
Според првите информации, тие наводно направиле скара во градината во нивната куќичка, што се покажало како фатална грешка, пренесуваат магазинот „Феникс“. Имено, градината очигледно не била доволно проветрена, па гасовите настанати при печењето не можеле да испарат. „Пожарникарите добија пријава за сомнителен гас и предупредување за присуство на јаглерод моноксид“, изјави портпаролот на пожарникарите. Обдукцијата ќе утврди дали навистина починале од труење со јаглерод моноксид, пренесуваат локалните медиуми.
![]()

