(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Бројот на загинати во Доминиканска Република се зголеми на 98, се огласи сопственикот на дискотеката

Сопственикот на клубот „Џет сет“, каде што најмалку 98 луѓе загинаа по уривањето на покривот за време на настапот на познат пејач, низ солзи зборуваше за трагедијата.

Бизнисменот Антонио Еспајлат, чие семејство е сопственик на овој најпознат клуб во Доминиканската Република повеќе од 50 години, изјави дека е бескрајно тажен поради сето она што се случило и дека тагува заедно со семејствата на жртвите и повредените.

„Денеска сакаме да им се обратиме пред се на семејствата погодени од трагедијата што се случи синоќа во „Џет Сет“. Нема доволно зборови да ја искажеме болката предизвикана од овој настан. Тоа што се случи е поразително за сите. Сакаме да знаете дека сме со вас, дека ја споделуваме вашата болка“, вели бизнисменот во видеото што го сподели на официјалниот Инстаграм профил на клубот.

Тој тврди дека клубот од самиот почеток целосно соработува со властите. Им се заблагодари и на спасувачите кои неуморно ги пребаруваат урнатините со надеж дека ќе најдат некој кој преживеал.

Трагедијата се случи за време на настапот на познатиот меренге пејач Рубио Перез. Во клубот имало повеќе од 1.000 луѓе, кои уживале во настапот на Перез, кога наеднаш покривот се урна врз нив. Ова го снимиле и камерите на поединци.

Loading