Новак ѓоковиќ е елиминиран во шеснаестфиналето на мастерсот во монте карло. Алехандро Табило направи сензација и го победи освојувачот на 24 грен слем титули со 2:0 во сетови (6:3; 6:4).
Првиот сет траеше 38 минути. новак добро го отвори мечот и со брејк поведе со 1:0, но 27-годишниот Табило веднаш возврати со рибрејк и изедначи на 1:1.
Клучниот момент во првиот сет се случи во шестиот гем, кога 32. тенисер на светот направи нов брејк и потоа го потврди во следниот гем.
Чилијанецот ја искористи првата сет топка и по помалку од 40 минути стекна предност од еден сет.
Одличниот чилијански тенисер продолжи во добар ритам и во вториот сет, каде што го направи првиот брејк. му го одзеде сервисот на Ѓоковиќ во третиот гем, а потоа го потврди со добар сервис во петтиот.
Новак се врати во осмиот гем, дојде до две брејк топки, но Табило ги спаси двете и стигна на чекор до победа (5:3).
Првата меч топка ја имаше Табило по 82 минути тенис, но не успеа да ја искористи на сервис на Ѓоковиќ, по што Новак намали на 5:4 и остана во мечот.
Но, во деветтиот гем Табило сервираше за победа и стигна до најголемиот триумф во својата кариера.
Неговиот следен противник ќе биде победникот од дуелот Валентен Вашеро – Григор Димитров.
![]()

