Кинези фаќале гулаби на улица во Мадрид, ги сервирале во ресторан како печени патки (ВИДЕО)

Властите во шпанскиот главен град Мадрид упаднале во кинески ресторан во предградието Усера, каде затекнале вознемирувачки детали од работата на „угостителите“, пренесе британски „Телеграф“.

Инспекторите затекле ужасни, нехигиенски услови во кинеската кафеана, во која насекаде имало изложени производи за храна, чувани во крајно несоодветни услови. Според шпанските власти, луѓето кои го воделе ресторанот фаќале гулаби по улиците на Мадрид, а потоа ги скубеле и ги печеле, продавајќи ги како печени патки.

Кинескиот ресторан е веднаш затворен, а сопственикот кривично ќе одговара, јавуваат шпанските медиуми.

Loading