Трамп ги ослободи производите на Епл од царини, Кина му порача: „Укини ги сите“

Кинеското Министерство за трговија ги нарече американските исклучоци од царини „мал чекор“ и побара од претседателот Доналд Трамп целосно да ја укине царинската политика, вклучувајќи ја и царината од 145% на кинески увоз.

– Го повикуваме Вашингтон да ги слушне разумните гласови, да ги поправи грешките и да се врати на дијалог заснован на заемно почитување – се вели во соопштението.

Американската одлука од петокот ги иззема од царини мобилните телефони, компјутерите, чиповите, соларните ќелии и ју-ес-бе мемориите што е добредојдено за компании како Епл кои произведуваат во Кина.

Кина одговори дека овие исклучоци се знак на слабост на САД. Државните медиуми истакнуваат дека Трамп попушта и дека кинеските синџири на снабдување се незаменливи.

Сепак, CNBC предупредува дека царините би можеле долгорочно да му наштетат на американското стопанство и на малите бизниси.

Loading