ВМРО-ДПМНЕ: Како Заев стигнал до златна виза во Дубаи, дали иста поседува и Филипче?

Од ВМРО-ДПМНЕ прашуваат како поранешниот премиер Зоран Заев стигнал до златна виза во Дубаи и дали и лидерот на СДСМ, Венко Филипче поседува иста таква виза.

„Нема ниту еден демант ниту пак реакција од СДС да кажат кој е патот до поседување на златна виза во Дубаи. Да објаснат на кој начин и со кои инвестиции има златна виза во Дубаи семејството Заеви?.

Како со административна плата, па бил и премиер, Заев стигнал до златна виза во Дубаи? Колку милиони чини и на кој начин се стекнати?

Дали е точно дека со оваа афера е поврзан и лидерот на опозиција и привремен чувар на местото претседател на СДС, Венко Филипче. Дали Венко Филипче поседува виза за Дубаи? На кој начин ја стекна, имајќи во предвид дека цел живот е на административна плата без ден работен стаж во приватен бизнис?

Додека велеа дека ја спасувале Македонија, тие ги спасувале милионите“ посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Loading